Русија кон МВС лансира модернизиран вселнски брод

Бајконур, 7 јули 2016 (МИА) - Руска ракета-носител утринава успешно беше лансирана од космодромот Бајконур кон Меѓународната вселенска станица, со првиот вселенски  брод од новата серија „Сојуз МС“, во кој се наоѓаат тројца космонаути - Русин, Американка и Јапонец, пренесе ТАСС, цитирајќи ја прес службата на државната руска корпорација „Роскосмос“. 

Неколку минути по лансирањето бродот се оддели од третиот степен на ракетата-носител „Сојуз-ФГ“ и го зазеде курсот кон МВС. Се очекува во сабота наутро тој да се закачи за рускиот сегмент на станицата.

Модернизираниот вселенски брод кон МВС ги однесе Русинот Анатолиј Иванишин, Американката Кетлин Рубенс и Јапонецот Такуја Ониси. За Рубенс и Ониси ова е прв вселенски лет, додека за Иванишин - втор. Русинот во вселената леташе и во 2011-2012 година и тогаш таму мина 165 деноноќиа.

Модифицираниот брод „Сојуз МС“ е резултат на целосната модернизација на бродовите од серијата „Сојуз ТМА-М“. Располага со нов командно-телеметриски систем, нов систем за доближување и закачување и со друга посовршена опрема. Во бродовите од новата серија има и подобрен систем за електронапојување, а сончевите батерии се помоќни.

Првото лансирање на новиот брод требаше да се одржи уште во мај, но повеќепати беше одложувано од различни причини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...