2015 РР245 – нова џуџеста планета

Астрономите открија нова џуџеста планета слична на Плутон, која ја нарекле 2015 RR245.

Taa e лоцирана 20 пати подалеку од сонцето отколку Нептун, со дијаметар од околу 700 километри која орбитира околу сонцето за 700 земјени години.



Во 2096-та година таа ќе биде најблиску до сонцето (на околу 5 билиони километри), инаку најголемата оддалеченост од него и е 12 билиони километри (за време на нејзината ротација).

2015 RR245 е откриена од тим на астрономи користејќи го CFHT (Canada-France-Hawaii-Telescope) во Maunkea, Hawaii. Фотографирана е уште во септември 2015-та, но сликите биле анализирани овој февруари, а откритието било објавено пред неколку дена на Minor Planet Electronic Circular.

Оваа планета е 18-тиот најголем објект во Куиперовиот Појас (Kuiper Belt), кој е откриен во 1992-ра и е лоциран на 30 астрономски единици од сонцето (една астрономска единица = растојание помеѓу земјата и сонцето). Појасот содржи заледени тела со големини колку малечки карпи, па до такви со пречник од неколку стотици километри (дел од овој појас е и Плутон кој до пред неколку години се сметаше за планета).

Според CFHT, RR245 е една од неколкуте џуџести планети кои преживеале до денес (заедно со Плутон и Ерис, најголемите познати планети од тој тип). Повеќето останати биле уништени или приморани да ја променат позицијата подалеку од сонцето, кога поголемите планети се „сместиле“ во нивните сегашни позиции.

Сега засега планетата ќе ја носи шифрата наместо име, а тоа официјално ќе и биде дадено штом се дефинира нејзината прецизна орбита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...