Кеплер пронајде 104 нови планети, на четири од нив можеби има живот

Американската вселенска агенција НАСА вчера соопшти дека со помош на вселенскиот телескоп Кеплер се откриени нови 104 егзопланети, од коишто за четири се претпоставува дека се „населиви“, односно на нив има услови за живот.



Во продолжение на мисијата К2, во која во мај оваа година се пронајдени 1.284 планети надвор од сончевиот систем, со помош ма „Кеплер“ се пронајдени 197 нови „кандидати“ за планети, од кои за 104 е потврдено дека се планети.

Со оваа бројката на познатите егзопланети се зголеми на 2.492, од кои на 25 би можело да постои живот.

Меѓу тие 104, четири планети орбитираат околу ѕвездата К2-72 и се од видот карпести планети, исто како и планетата Земја. Ѕвездата К2-72 се наоѓа на 181 светлосна година од нашиот сончев систем и припаѓа на соѕвездието Водолија. Таа е ѕвезда од М-категорија („црвени џуџести ѕвезди"), во којашто спаѓаат околу една четвртина од досега откриените ѕвезди.

Планетите кои кружат околу неа се со пречник меѓу 20 до 50 отсто поголем пречник од оној на нашата планета, иако нивната матична ѕвезда е двојно помала од Сонцето, а со тоа и емитирањето на светлина е двојно помало. Животот на овие планети е возможен од причина што тие се блиску до К2-72. 3а споредба нивната оддалеченост е помала од онаа помеѓу Сонцето и Меркур, што ги сместува во т.н. „населива зона“.

Научниците претпоставуваат дека две од планети кои се најблиску до К2-72, се прекумерно топли и можноста на нив да има живот како на земјата, се помали. На останатите две, пак, голема е веројатноста да постои вода, што е основен услов за зачеток на примарни животни форми.

Годината на К2-72c, третата од својата ѕвезда трae 15 земски денови и тaa е десет oтстo потопла oд 3eмjaтa. Годината на четвртата планета, наречена К2-72е, трae 24 наши денови и тaa е за шест oтстo потопла oд 3eмjaтa.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...