SABRE технологија за летови над Земјата и Вселената

Компанијата Oxford's Reaction Engines Ltd (REL) објавила дека добила договор со ESA (European Space Agency) вреден 10 милиони евра за развивање на револуционерен авионски мотор наречен SABRE (Synergistic Air-Breathing Rocket Engine), со технологија која ќе може да функционира на летала кои ќе летаат над земјата, но и во вселената.



Овој договор ја финализира претходната обврска на владата на UK да инвестира 60 милиони фунти во SABRE.

Најновите фондови (меѓу кои дел се добиени и од одбрамбената компанија BAE Systems и од Американските воздухопловни сили) ќе овозможат REL да ги започне копнените тестови на овој мотор, со што ќе биде потребно прво да докаже дека SABRE функционира, за потоа да го вгради во сопствен авион наречен Skylon. Skylon ќе може да полетува и слетува на авионска писта и да носи товар или човечки екипаж во орбитата на земјата. SABRE моторот на Skylon ќе му овозможува да функционира и како „обичен“ авион во воздухот, но и како ракета во вселената.

Клучната одлика на SABRE е тоа што не треба со себе да носи кислород наменет за комората за согорување – наместо тоа, тој го користи атмосферскиот кислород, со што значително се намалува количеството на гориво кое авионот треба да го носи. Еден од поголемите проблеми бил да се надминат проблемите со замрзнување поради атмосферскиот кислород, кој бил решен со користење на метанолски инјекции кои функционираат како антифриз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...