Руски вселенски авион вооружен со нуклеарки

Руската војска изјавила дека е во процес на создавање на вселенски авион кој би можел да испукува оружја било каде на Земјината топка во рок од два часа, и дека ќе биде вооружен со нуклеарки.



За сајтот Sputnik (кој е контролиран од власта и е единствен извор на оваа вест) тие изјавиле дека бомбардерот се очекува да биде спремен до 2020-та година. Тој би бил сличен на американскиот Boeing X-37 (X-37B), кој е роботски мини-шатл, еден вид на минијатурна, далечински управувана верзија на Интернационалната Вселенска Станица.

Идејата е овој бомбардер да полетува од обична авионска писта и да го патролира рускиот воздушен простор. Доколку му е дадена команда, тој може да полета во Вселената, да ја нападне целта со нуклеарна ракета и повторно да се врати на земјата.



Такво нешто не само што би претставувало грубо кршење на интернационалното право, туку би било и екстремно хипокритично од страна на Русија бидејќи тие ја имаат обвинето американската влада за вооружување на вселенско летало (гореспоменатиот X-37B, при првиот негов лет), кој инаку е способен да биде вооружен, но таа опција никогаш не била искористена бидејќи е премалечок за носење на толку моќни оружја. Руската војска тогаш тврдела дека тоа било прекршување на Вселенскиот договор кој бил потпишан во 1967-ма од 104 земји (вклучувајќи ги САД и Русија), и со кој што се забранува милитаризација на Вселената.

Моторот кој би се вградувал во бомбардеров би бил сличен на SABRE моторот (развиен во САД), кој покрај течно гориво кое согорува, е способен да го користи и кислородот од воздухот за да ги постигне суперсоничните брзини. Според Sputnik, можно е моторот да биде претставен на Army 2016 – интернационалниот форум за воена технологија кој се одржува близу Москва, во септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...