Вселенски лифт

Јапонски научници работат на прототип кој доколку функционира како што е планирано, во иднина ќе придонесе за изградба на лифтови кои ќе одат од земјата до Вселената и назад.

Во наредните неколку месеци кон Интернационалната Вселенска Станица (ISS) ќе бидат испратени мини сателити наречени STARS-C (Space Tethered Autonomous Robotic Satellite-Cube), кои откако ќе бидат испорачани таму, ќе се разделат на две коцки со големина од 10 сантиметри и тежина од 2.6 килограми, кои меѓусебно ќе бидат поврзани со 100 метарски кабел направен од кевлар.



Коцките ќе можат да се движат и хоризонтално и вертикално, а кабелот со кој што се поврзани ќе може да се продолжува. Притоа ќе се вршат секакви испитувања и ќе се собираат детални податоци со цел сателитите да се контролираат што попрецизно, што е клучно за потенцијалните идни вселенски лифтови (кои би биле изработени од ист/сличен материјал) и кои би требало да пренесуваат луѓе и товар до Вселената и назад.

Сателитите се инвенција на инженерите Yoshiki Yamagiwa и Masahiro Nomi, кои овој концепт го развиле уште во 2014 и идејата ја предложиле на JAXA (Japan Aerospace Exploration Agency). Инаку, STARS-C ќе бидат лансирани од Kibo модулот на ISS, чиј сопственик е токму JAXA.

За контролирање и собирање податоци од STARS-C ќе се користат Ham радио фреквенции, така што тимот задолжен за овој проект има побарано и од аматерските радио аматери да учествуваат во собирањето податоци од сигналите. Покрај тоа, тие ќе се користат и за истражување на начините како вселенскиот отпад би можел да се „зачисти“ од ивиците на земјината атмосфера (во случај да не можат во пракса да се користат за пренесување на луѓе/товар)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...