Solar Probe Plus – сонда која најмногу ќе му се приближи на Сонцето

И покрај целото знаење за далечните галаксии, ѕвезди и егзопланети, сè уште постојат работи кои не ги знаеме за нашето Сонце, а NASA наскоро планира да го смени тоа со нивната сонда наречена Solar Probe Plus, која што се гради во Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory.

Solar Probe Plus мисијата е моментало во фаза D , во која што спаѓа составување на системите потребни за нејзино функционирање, нивна интеграција, тестирање и евентуално фазата на лансирање.



Лансирањето на сондата треба да се случи до јули или август 2018-та, што ќе претставува остварување на сонот на астрономите кои го имаат последниве 60-тина години. Нејзина задача ќе биде собирање на разни типови на податоци откога ќе навлезе во атмосферата на Сонцето. Нејзината мисија ќе трае 7 години (2018-2024), за кое време ќе ја користи гравитацијата на планетата Венера (преку летање блиску до неа) да се доближи на далечина од 6 милиони километри од површината на Сонцето, што ќе биде најблиску што било која сонда досега се има доближено до него.

Solar Probe Plus ќе испитува како енергијата се движи од сончевата површина до неговата атмосфера и од блиску ќе се набљудуваат создавањата на соларните ветрови. Исто така ќе се набљудува и истражува „правливата плазма“, поточно екстремно загреаниот гас со разни честички во него (кој се наоѓа во близина на Сонцето), како и сончевото магнетно поле (за кое знаеме дека Сонцето го менува поларитетот секои 11 години, а понекогаш и воопшто нема магнетно поле и неговата површина нема пеги).

За да ја издржи топлината, Solar Probe Plus ќе има штит со дијаметар од 2,5 метри и дебелина од 11.5 метри, направен од јаглеродна пена. Некои од технологиите отпорни на топлина се превземени од леталото MESSENGER на NASA, сонда која летала во близина на Меркур во периодот од 2011 до 2015.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...