3D печатена футуристичка Марсовска колонија во Мохаве

Vera Mulyani, таканаречен „Марсхитект“, во 2015-та го оформила студиото Mars City Design наменето за развивање на планови за изградба на првиот самоодржлив град на Марс.



Таа успеала да подигне над 30.000$ долари преку Kickstarter кампањата кои ќе бидат инвестирани за градење на три 3D принтани прототипи во реална големина на „Марсовски“ градови, на тест полигон на Reaction Reseach Society во пустината Мохаве.

Специјално селектирани инженери, дизајнери и архитекти од целиот свет, во септември ќе се соберат во работилница во University of Southern California за да го планираат изгледот на првите потенцијални градови на Марс.



Според зборовите на Mulyani, тимовите прво ќе истражат како одреден град би функционирал како целина, а потоа би се развиле плановите за како би изгледале и функционирале индивидуалните живеалишта. Би се започнало со база за 4 луѓе, која потоа би прераснала во град во кој би живееле 1000 луѓе.

Работилнициата, меѓу многуте други, ќе биде посетена и од Jim Ericson (проект менаџерот на Mars Exploration Rover од NASA), Madhu Thangavelu (професор од Viterbi School of Engineering) и пилотот на Apollo 11, Buzz Aldrin.



На конкурсите биле пристигнати 25 дизајни, од кои во потесен избор се влезени следниве:

  • урбано живеалиште со затворен речен систем и вештачки водопади наречено Neurosynthesis,
  • автономно живеалиште кое користи реголит (материјал од камен) како извор на кислород, вода, енергија и исхрана, наречено Project Dandelion („глуварче“),
  • Vertical Farms за производство на храна и намалување на зависноста од испораки од Земјата,
  • Instant Structure – технологија која вклучува ласерски експлозии со кои брзо би се креирале конструкции,
  • Mars Research Facility – истражувачка колонија која ќе користи материјали од планетата и градежни техники потпомогнати од суперкомпјутери за да се одржува живеењето на луѓето на планетата и
  • The Mars Living Machine, дизајн кој ќе ги испитува сите аспекти на тоа како екстремните услови на Марс можат да ја обликуваат архитектурата.

Од сите овие ќе бидат избрани 3 победнички дизајни кои ќе се изградат/испринтаат во пустината Мохаве.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...