Атмосфера на егзопланета слична на Венера

Минатата година беше откриена егзопланетата GJ 1132b, оддалечена од нас 39 светлосни години, која орбитира околу релативно слаба ѕвезда на растојание од 2.2 милиони километри од неа.



Во неодамнешна студија, тим од астрономи од Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics ги објавиле резултатите од најновите истражувања во врска со неа – иако температурата на нејзината површина изнесува околу 232°C, возможно е дека таа има тенка и кревка атмосфера.

Тимот ја истражувал интеракцијата на океан од магма со атмосфера богата со вода, и на основ на тоа креирале модел за симулација на интеракцијата.

GJ 1132b орбитира толку близу до матичната ѕвезда (30 пати поблиску отколку растојанито помеѓу Меркур и Сонцето) што константо е изложена на огромна количина ултравиолетова светлина, која ги разбива молекулите на водата во водород и кислород. Водородот, бидејќи е полесен, се губи во Вселената многу побргу, додека кислородот останува зад него.



На постудените планети, кислородот е знак за некаков вид на живот, додека на топлите како што е GJ 1132b е спротивно – знак дека планетата е „испечена“ и стерилизирана. Исто така, водената пареа ја зголемува екстремната топлина на планетата, правејќи ја нејзината површина океан од магма која останува стопена во период од милиони години. Според моделот направен од тимот, магмата апсорбира само 10% од кислородот, додека преостанатите 90% испаруваат во вселената.

Научниците веруваат дека моделот на атмосфера создадена од магмата ќе им помогне на астрономите и истражувачите подобро да разберат како Венера еволуирала со тек на времето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...