Масивна ѕвезда во формирање во нашата галаксија

Астрономите идентификувале млада ѕвезда која уште од сега е 30 пати помасивна од нашето Сонце, а се наоѓа во нашата галаксија на 11 000 светлосни години од Земјата.

Бидејќи таа е сè уште во формирање и ја собира материјата од нејзиниот матичен молекуларен облак, истражувачите се надеваат дека ќе можат да ја набљудуваат како расте, што ќе им помогне за подобро разбирање на процесот на формирање на масивни ѕвезди, кој што трае во просек околу 100 000 години

Ѕвездата е наречена MM1 и се наоѓа во регион од галаксијата кој е идеален за формирање на ѕвезди, бидејќи е многу студен и исполнет со густи облаци од молекуларен материјал кој вообичаено ги обвиткува “новороденчињата„ од ѕвезди.

За нејзино набљудување биле користени телескопите Submillimetre Array (SMA) во Хаваи и Very Large Array (VLA) во New Mexico, а со нивна помош тимот астрономи дошле до заклучок дека MM1 е обиколена од Кеплерски диск, кој претставува огромен диск од материја кој се врти сè побрзо како што се доближува до ѕвездата, а вртењето забавува кога се оддалечува од неа. Се претпоставува и дека во дискот се крие уште поголема маса од материјал од кој што може да се формираат уште нови ѕвезди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...