Галаксија создадена од 99.99% темна материја

Астрономите откриле блиска галаксија која има скоро идентична маса со Млечниот Пат, но содржи помалку од 1% од бројот на ѕвездите во нашата галаксија.

Таа е толку бледа што со декади не била забележана, а тимот кој стои зад нејзиното пронаоѓање открил и зошто толку малиот број на ѕвезди досега не ја распарчил – таа е направена од 99.99% темна материја.

Се смета дека темната материја зафаќа околу 27% од севкупната маса и енергија во универзумот, а иако можеме да и ја детектираме гравитациската сила, таа не емитира никаква форма на светлина или радијација која може да ја опсервираме. И покрај многугодишното истражување, научниците сè уште не знаат што точно е темната материја, иако е клучна за стабилноста на универзумот.



Наречена Dragonfly 44, оваа галаксија е откриена уште во 2014-та и е оддалечена околу 320 милиони светлосни години од нас. По неколкугодишни анализирања на брзините на ѕвездите во неа, научниците имаат доволно докази дека она што ја држи цела е токму темната материја.

Колку некој објект има поголема брзина, толку и неговата кинетичка енергија и маса се зголемуваат, што значи дека колку побрзо се движат ѕвездите во Dragonfly 44, толку поголема маса ќе има самата галаксија. Тие пресметале дека просечната брзина на ѕвездите во неа е околу 47 километри во секунда. Според ова, галаксијата е околу 1 трилион пати помасивна од нашето Сонце – претешка за да се одржува цела само поради нејзините ѕвезди. Сето ова довело до заклучок дека таа мора да е создадена од 99.99% темна материја за да не се распарчи, правејќи ја најтемна позната галаксија во универзумот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...