Животот на Земјата можеби настанал поради судар со помала планета

Според нова студија, животот на Земјата можеби е резултат од огромен судар помеѓу Земјата и друга планета, пред околу 4.4 билиони години. Научниците сметаат дека таков планетарен судар би можел да објасни како јаглеродот, кој е основа за секоја жива форма базирана на него, се појавил на земјината површина.



Кога планетата била многу млада, била и екстремно топла, поради вулканските активности кои ја правеле буквално една голема, стопена маса – во едно такво опкружување, теоретски, секоја трага на јаглерод би била уништена.

Геолозите од Rice University сега сугерираат дека судар на Земјата, откога веќе била оладена, со планета слична на Меркур, би довело до ситуација да нашата планета го апсорбира јаглеродот од неа со што би се создале услови за оформување на живот. Оваа хипотеза го објаснува и фактот што јаглеродот останал на земјината површина, а не се сплотил со нејзиното јадро, каде што создавање на живот би било невозможно.

До ова мислење се дошло со вршење на лабораториски експерименти со хидраулична опрема при висок притисок и високи температури, за да се види кои хемикалии и услови би можеле да доведат до односот на елементите кои се наоѓаат во земјината кора. Од експериментите било заклучено дека составот на елементите и нивниот однос би бил сосема возможен доколку нашата планета „изела“ некоја помала од неа.

Иако ова сценарио дефинитивно е возможно, се работи за (сега-засега) груба хипотеза која треба уште многу да се испитува за да се потврди нејзината веродостојност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...