РАНДЕВУ СО АСТЕРОИД

Мисија на NASA кон потенцијалниот убиец на нашата планета

OSIRIS-Rex е името на сателитот и на една од најамбициозните мисии на NASA – тој ќе има рандеву со астероид, ќе треба да собере парче од неговата површина и со него да се врати назад на Земјата.



Астероидот во прашање е наречен 101955 Bennu и е широк половина километар, со потекло (најверојатно) од астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.

Во 2135-та год, Benny ќе помине на 300 000 km оддалеченост од нашата планета, а постои можност и да се удри во неа при крајот на 22-риот век.



OSIRIS (акроним од The Origins, Spectral Interpretation, Resource Identification, Security-Regolith Explorer) го започнa  патувањето на 8-ми септември и ќе му требаат две години додека се доближи до Bennu.

Кога тоа ќе го направи, ќе помине уште две години во неговата орбита, ќе го мапира и студира, меѓу другото и со цел да се пронајде адекватна локација од која што би се земал примерок. Во 2020, OSIRIS конечно ќе го изведе маневарот со издолжената „рака“ кој треба да трае 5 секунди, за да земе парче примерок од астероидот.



Враќањето назад на земјата ќе трае уште околу 2 и пол години, а се планира да слета во пустината Јута, по што материјалот од Bennu ќе биде превземен и истражуван од NASA, како еден вид на фосил од најраната историја и зачетокот на сончевиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...