Еволуција на ѕвезда набљудувана во живо од 1971ва навака

За прв пат во човечката историја, астрономите биле сведоци на комплетна еволуција на ѕвезда во реално време – опсервациите правени во период над 45 години ја прикажале нејзината трансформација од една ѕвездена состојба, во друга.



Се работи за ѕвездата со име SAO 244567, која во период од само 20-тина години ја дуплирала својата температура. Таа се наоѓа на 27 000 светлосни години од нас и е со големина слична на Сонцето - истражувањата вршени помеѓу 1971 и 2002 покажале дека температурата на нејзината површина за тој период се искачила за неверојатни 40 000°C, а според сегашните опсервации со Cosmic Origins Spectrograph-от на Хабл, температурата почнала да паѓа.

Пред да таа почне да се лади (во 2014), тимот астрономи теоризирале дека нејзиното згревање може да биде предизвикано од настан наречен Helium flash. Tој обично се појавува за време на развитокот на околу 25% мали до средни ѕвезди, и вклучува нагло и ненадејно палење на хелиумот лоциран надвор од ѕвезденото јадро. Ова предизвикува драстично зголемување на ѕвездата, и таа станува црвен џин. Откога ќе ги изгори сите резерви на хелиум во јадрото, започнува процесот наречен водородна фузија, а штом хелиумот се реакумулира, повторно започнува хелиумската фузија и краткиот пулс од топлинска енергија предизвикува ѕвездата да се прошири и да започне со ладење.



Откога SAO 244567 започнала да се лади, било утврдено дека навистина нејзината трансформација била предизвикана од ваков настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...