Русија со планови за колонизирање на Месечината

Русија повторно влегува во вселенската трка слично како и во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, но овој пат не со САД туку самата со себе.

Иако скоро целиот развој на денешната вселенска технологија се фокусира кон интергалактички патувања и можно колонизирање на нови планети, Руската вселенска агенција Roscosmos објави планови за испраќање на мисии со човечки екипаж на Месечината некаде помеѓу 2025-та и 2045-та година.

До тогаш ќе бидат поминати повеќе од 60 години од мисијата Apollo 11 и познатите зборови на Нил Армстронг („Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“), кои буквално ја завршија вселенската трка помеѓу САД и тогашниот Советски Сојуз.

Во истражувањата околу тоа колку лесно ќе биде нивните космонаути да чекорат на Месечината, русите дури користат технологија од 1970-тите со цел да проценат колку ќе треба да ја унапредат. Тие ќе имаат помош и од Европската Вселенска Агенција (ESA), како и од компанијата RSC Energiа која ќе им помогне да развијат нови и подобри вселенски одела за на Месечината.

Иако многу експерти овој потег го критикуваат бидејќи сметаат дека ваков тип на мисија е застарена и само ја нагласува Руското технолошко назадување, Roscosmos остануваат на нивната замисла и велат дека по завршувањето на првичните експерименти, ќе почнат да развиваат концепти на лунарни бази, писти, и останати критични елементи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...