Асгардиа – потенцијална вселенска нација

Нова земја наречена Асгардиа (според градот во облаците од Нордиската митологија) би била првата нација креирана во вселената, на нова вселенска станица, чија мисија ќе биде да ги копа астероидите и да ја брани Земјата од опасните метеорити, вселенски отпад и други закани.

Групата која стои зад овој проект вклучува вселенски експерти од Канада, Романија, Русија и САД, а тој бил претставен на прес конференција во Париз.

Нивната намера е да се „демократизира вселената“, со тоа што во наредните 18 месеци би се лансирал роботски сателит, а потоа и перманентна вселенска станица каде што луѓето ќе можат да живеат, работат, и имаат сопствени правила и прописи.

Проектот е сè уште во неговата рана фаза и групата се надева дека почетниот публицитет ќе привлече инженери, научници и експерти од останати полиња.

Преку официјалниот сајт, првите 100 000 луѓе кои ќе се регистрираат ќе станат граѓани на

Асгардиа, покрај нивната националност на Земјата, а преку него може да се испраќаа и предлози за официјалното знаме, обележја, па и националната химна.

Основачите на проектот велат дека дел од нив самите инвестирале пари за сето ова, но не го откриваат сегашното ниво на финансирање на организацијата. Тие се сигурни дека првиот сателит ќе биде лансиран за најмногу 18 месеци, но во поглед на финансиите, сè уште ги немаат собрано сите потребни за остварување на целосниот проект, а и не се открива и планот од каде ќе бидат собрани дополнителните средства.

Колку за споредба, најевтиниот лет до орбитата на планетата со Falcon 9 ракетата на SpaceX чини помеѓу 60 и 65 милиони долари, додека за изградба и функционирање на Интернационалната Вселенска Станица биле потребни 18 нации и околу 100 билиони долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...