Што ако постојат вонземјани кои живеат од радијација?!

Додека штетните ефекти на космичките зраци на човечката физиологија се едни од најголемите бариери за нашето истражување на Сончевиот Систем, за други организми таа радијација може да значи живот.

Тоа е размислувањето зад новата студија која сугерира дека формите на живот на другите планети се способни да преживеат користејќи ја енергијата од космичката радијација.

Астробиологот Димитра Атри од Blue Marble Space Institute of Science во Сиетл инспирацијата за оваа хипотеза ја пронашол во организам на земјата, поточно бактериумот Desulforudis audaxviator откриен во Јужна Африка во 2008, кој живее на 3 километри под Земјината површина и се храни со водородот и сулфурот произведен од радиоактивниот отпад на ураниумот и други подземни карпи – значи исклучиво со радиоактивни супстанци.

Преку магнетосферата на Земјата ние сме заштитени од високо енергетските честички од кои што се состојат космичките зраци, меѓутоа на планетите со тенка атмосфера и без сопствени магнетни полиња (како што е Марс), радијацијата би можела да одржува многу малечки форми на живот.

За да ја тестира оваа хипотеза, тој вршел симулации за да види дали мали организми како D. audaxviator би можеле да живеат од космичките зраци на Марс, Месечината, Плутон, сателитите на Јупитер и кометите.

Во овие средини, зраците кои се удираат од површината на планетата би произвеле секундарни честички, за кои Атри вели дека би биле способни да произведат енергија со која, на пример, би можела да се разложи водата. Ова би претставувало потенцијален извор на храна за малечки форми на живот кои живеат под површината, каде што би биле заштитени од најсилната радијација.

Поради тоа што енергијата која би се ослободила би била слаба, и поради високиот степен на радијација, организмите би морало да трошат многу енергија за да ги репарираат штетите предизвикани од радијацијата, што значи дека за да преживеат ќе мора да бидат со многу спор метаболизам.

Доколку хипотезава се покаже како точна, тоа значи дека хипотетички може да пронајдеме живот на многу места низ Сончевиот Систем и подалеку – дури и во околини кај кои тоа досега сме го сметале за невозможно, поради тенкиот атмосферски слој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...