Потврдено постоење на нова џуџеста планета

Откога се смени дефиницијата за тоа што се сè смета за планета и откога на Плутон му беше одземена таа „титула“, откриени се многу џуџести планети во нашиот Сончев Систем, а научниците штотуку (неофицијално) отркија уште една – именувана 2014 UZ224.

Таа е лоцирана на 13.7 милијарди километри од Сонцето и има дијаметар од околу 530 километри, а за орбитирање околу него и се потребни 1100 „наши“ години. Иако сè уште чека потврда на статусот дека е џуџеста планета, IAU (International Astronomical Union) веќе ја вклучија во листата со останатите, како Ерис, ХАумеа, Макемаке, Церес и Плутон.

2014 UZ224 е откриена со инструментот наречен Dark Energy Camera, изграден со цел да ги набљудува галаксиите и Суперновите кои се оддалечуваат од Земјата (бидејќи “темната енергија“ е таа што ја овозможува континуираната експанзија на Универзумот). Користејќи ги сликите од оваа камера, направен е проект наречен DES (Dark Energy Survey), со намера да се креира мапа на Универзумот што ќе помогне при истражувањето на темната енергија.

Истражувачите веруваат дека со помош на DES мапите и специјалниот софтвер кој студентите го развиваат да ги анализира податоците од нив, конечно ќе може да се потврди и открие постоењето на „Планетата 9“ – потенцијална планета со големина на Нептун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...