Мистериозниот вселенски авион на војската на САД

На 20-ти мај 2015, американската војска го лансираше роботскиот вселенски авион X-37B во орбитата, со намера да ја врши својата четврта по ред „top secret” мисија.

Сега, 500 дена подоцна, овој соларно напојуван дрон без екипаж е сè уште таму и ниту се знае до кога ќе остане во орбитата, ниту со која цел, што ја поттикнува фантазијата на многу теоретичари на завери.

Дали испушта шпионски сателити во атмосферата на Земјата? Дали ги попречува сигналите од другите сателити? Дали е дел од истражувањето на Пентагон во врска со оружја базирани на дронови или пак можеби ја набљудува кинеската вселенска станица Tiangong-1 која наскоро треба да се сруши?

Она што е познато во врска со X-37B е неговиот товар, кој во неколку наврати бил идентификуван.

Досега, има пренесувано неколку прототипи на електрични погонски уреди од воздушните сили на САД и приватната компанија Aerojet Rocketdyne, како и нови напредни материјали произведени од NASA со цел да се тестираат во вселенски услови.

Првата мисија наречена OTV-4 (Orbital Test Vehicle-4) беше лансирана уште во април 2010 и од тогаш почнуваат сите сомневања, од типот на аматерски набљудувачи кои тврдат дека авионот постојано надлетува одреден регион на земјата, на секои 4 дена.

Во разни официјални интервјуа и изјави, лидерите на Пентагон негираат дека авионот има било каква врска со вселенски оружја, а истото доаѓа и од воздушните сили на САД, кои тврдат дека програмата вклучува експериментирање и развивање на нови концепти кои не се наменети за офанзивни дејствија.

Во секој случај и да не ја дознаеме вистинската мисија на ова летало, неговото функционирање ги покажува способностите за пролонгирани соларно напојувани летови, како и за повеќекратни летови, влегување во атмосферата и слетување, сето тоа автоматски.

А, доколку навистина ја „шпионира“ кинеската вселенска станица, можеби и ќе може да ни каже каде точно таа ќе падне?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...