Во август го искусивме метеорскиот дожд Perseids, а токму вечерва ќе бидеме сведоци на метеорскиот дожд Orionidi. Овој дожд го носи токму ова име поради тоа што доаѓа од соѕвездието Orion, а ќе се гледаат околу 25 метеори за време од еден час.
Сепак, за вечерва Месечината речиси цела вечер ќе биде на небото, па поради нејзиното осветлување може и да не ги видиме.
Ако не успеете да забележите некој метеор од Orionidi, тогаш подгответе се за последниот метеорски дожд на крајот од годината, за кој се очекува да биде огромен – со 120 метеори на час! Тогаш ќе треба да ги подготвите и фотоапаратите.