Структура на Марс може да ги содржи потребните состојки за живот

Една од причините за кои научниците се заинатени што поскоро да стигнат до Марс е за да може да испитаат дали постојат докази за живот кој постоел или сè уште постои на планетата. Сега, едно ново откритие покажува дека има структури на Марс кои можеби ги имаат идеалните услови за живот.

Нова студија водена од научници од Универзитетот од Тексас ги истражувала вдлабнатините во кратерите околу регионите Hellas Planitia и Galaxias Fossae, кои за првпат биле откриени во 2009 и уште од тогаш ги заинтересирале истражувачите бидејќи многу потсетувале на структури кои се наоѓаат на Земјата, наречени „казани со мраз“. Тие обично се наоѓаат во Исланд или Гренланд, и се формираат кога слоевите мраз се топат од вулкански ерупции, поради што се појавуваат концентрични пукнатини.

Откога истражувачите ги анализирале структурите на Марс користејќи стереоскопски фотографии кои од 2D слики можат да извадат 3D информации, заклучиле дека формацијата во Galaxias Fossae е најверојатно создадена од удар од астероид, додека онаа на Hellas би можела да е создадена со вулканска ерупција, слично како формациите на Земјата.

Доколку истражувачите се во право, нивното откритие би значело дека вдлабнатината Hellas би била одлична почетна локација да се бара живот на Mars кога NASA ќе испрати нов ровер на планетата во 2020-та. Големото количество магма потребно за да се истопи ледот за да се креира една таква структура би оставило зад себе течна вода, која би можела да содржи живи организми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...