Откриен најокруглиот објект во познатата вселена

Геометријата е насекаде во природата – гледаме шестократна симетрија во снегулките, фрактални шеми во брокулата, и Фибоначиева спирала во црвената зелка. Но совршена сфера е многу тешко да се сретне.

Сите месечини, ѕвезди и планети се заоблени, но со секоја ротација околу нивната оска се сплескуваат и искривуваат. Но, научниците успеале да пронајдат ѕвезда која е толку округла, да е нај сферичниот објект во познатата вселена..

Ѕвездата е наречена Kepler 11145123 (или KIC 11145123), и се наоѓа на околу 5000 светлосни години од Земјата.

Кога тим астрономи од Max Planck Institute for Solar System Research и University of Göttingen првпат ја откриле, користеле техника наречена астеросеизмологија за да одредат колку таа е сферична, при што дошле до заклучок дека бавната ротација на оваа топка од гас воопшто не ја сплескала, и дека таа преставува најсовршен сферичен природен објект познат на науката.

Кога ѕвездите, планетите и месечините ротираат околу својата оска, тие се изложени на центрифугални сили кои ги влечат екваторијалните региони подалеку од центарот на ротацијата, што предизвикува топчестите објекти да се „сплескуваат„ и да се повеќе широки отколку високи. Што побрзо едно космичко тело се врти, толку по сплескано станува.

Било утврдено дека KIC 11145123 се врти 3 пати побавно отколку Сонцето, а е повеќе од дупло поголемо од него. Разликата помеѓу екваторијалниот и поларниот радиус била само 3km, што е ништожно во однос на радиусот на ѕвездата од 1.5 милиони километри.

За споредба, Сонцето има радиум кој на екваторот е за 10km поголем отколку на половите, додека кај Земјата таа разлика е дури 21km.

Причина за совршената сферичност на KIC 11145123 е најверојатно фактот што надворешните слоеви ротираат побргу отколку нејзиното јадро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...