Што ќе се случи ако го снема Сонцето?

Сонцето не само што е центарот на нашиот Сончев систем, туку е и единствената причина што постоиме. Но, што ќе ни се случи доколку него одеднаш го снема?

Во првите 8 минути, сите планети во Сончевиот систем ќе почнат да се движат низ  Вселената во права линија, бидејќи ќе немаат околу што да орбитираат. Во овој период, до нас сè уште ќе стига сончевата светлина, бидејќи поради растојанието од 150 милиони километри, на неа и требаат 9 минути додека да стигне до нас.

Веќе од 9-тата минута, ќе настане комплетен мрак и нема да можеме да ја гледаме Месечината, која е единствено видлива поради светлината која што ја одбива од Сонцето.

За 2 месеци, температурата на Земјата ќе падне до просечни -123°C, а за 4 месеци ќе започне ново ледено доба со температури од -198°C.

Фотосинтезата ќе престане, поголем дел од живите организми на планетата ќе изумрат, освен големите дрвја, микробите кои живеат во Земјината кора и одредени врсти на животни кои ќе преживуваат со лов.

Единствена шанса за преживување на човештвото би била да се живее во подморници на најголемите длабочини на океаните, каде што топлината од Земјиното јадро по малку ќе загрева.

Но и тоа нема да трае вечно – по околу 1000 години, температурата ќе падне до -240°C, океаните целосно ќе замрзнат и атмосферата ќе колабира што ќе ја остави планетата директно изложена на радиоактивните космички зраци.

Добрата вест е што Сонцето ќе свети уште најмалку 5 милијарди години, а кога ќе почне да умира тоа нема да се случи одеднаш туку ќе биде многу бавна смрт.

Уште подобра вест е што нема да треба да чекаме толку долго, бидејќи за 1 милијарда години, Сонцето ќе стане толку врело што океаните на Земјата буквално ќе зовријат, и планетата веќе нема да е погодна за живот – барем не доколку човештвото остане во сегашната форма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...