ЗЕМЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ИСТУРКАНА ВО СМРТОНОСНА ОРБИТА

6 начини на кои светот може да заврши

1) Стопеното Земјино јадро може да се олади

Земјата е обвиена со заштитен магнетен штит, т.н магнетосфера. Овој штит е генериран од Земјината ротација, со вртење на тенка обвивка од течно железо и никел (надворешното јадро) околу цврста топка од метал (внатрешното јадро), притоа креирајќи огромно електрично динамо. Магнетосферата ги одбива енергетските честички кои доаѓаат од Сонцето, менувајќи им ја големината и формата, што некогаш резултира со феноменот Аурора Бореалис – кога тие честички доаѓаат во допир со воздухот на Земјата. Меѓутоа, доколку јадрото се олади, магнетосферата ќе се изгуби, а со тоа и нашата заштита од соларните ветришта кои полека би ни ја уништиле атмосферата. Ова се имало случено на Марс пред билиони години, што ја оставило планетата во безживотното издание кое го знаеме денес.

2) Сонцето може да почне да умира и да се шири

Сонцето моментално е на половината од неговиот живот, стабилно претворајќи го водородот во хелиум преку нуклеарна фузија. Но, за неколку билиони години, ќе му снема водород и ќе почне да го користи хелиумот, што претставува многу по енергетска реакција која ќе почне да ја влече Земјата поблиску до него, или ќе ја исфрли од неговата орбита. Во првиот случај таа ќе биде буквално испечена, а во вториот ќе замрзне

3) Земјата би можела да биде истуркана во смртоносна орбита

Низ вселената пловат разни „неврзани“ малечки планети и објекти кои би можеле да навлезат во Сончевиот Систем и да ја дестабилизираат земјата во екстремна орбита, или да предизвикаат таа да се судри со „комшиските“ планети, како Венера или Меркур.

4) Удар од планета или астероид

Некој од тие објекти би можеле и директно да удрат во земјата – тоа веќе се има случено пред околу 4.5 билиони години, кога помалечка планета удрила во поголема, при што се создале Земјата и Месечината. Нов ваков удар комплетно би ја истопил Земјата, на која би и требале билиони години да се олади, за да ако воопшто е возможно, повторно се создадат некакви услови за живот.

5) Поминување преблиску до црна дупка

Научниците сметаат дека постојат црни дупки кои „изгубено„ патуваат низ вселената, и не е невозможно некоја таква да помине низ нашиот Сончев Систем. Доколку таа има помалечка маса од Месечината, можеби Земјата ќе преживее, но во спротивно тоа ќе биде невозможно. Во тој случај, Земјата или ќе биде растргната сè додека нејзините атоми не се издвојат едни од други, или пак ќе бидат предизвикани земјотреси и останати уништувања, би биле избуткани кон Сонцето и сл.

6) Атмосферата ќе биде уништена од гама зрак

Испуштањето на гама зраците е едно од најмоќните феномени во Универзумот. Повеќето од нив се резултат од колапсот на масивните ѕвезди при нивната смрт, а еден краток зрак може да емитира повеќе енергија отколку Сонцето за време на целиот негов живот. Таквата енергија би ја уништила озонската обвивка и би ја поплавила земјата со опасната ултравиолетова светлина, што ќе предизвика глобално заладување. Впрочем, еден ваков зрак можеби е причината за првото масовно истребување на животот кое се случило пред 440 милиони години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...