Јапонски колектор на вселенски отпад

Јапонија лансираше товарен вселенски брод кон Интернационалната Вселенска Станица, во кој се наоѓа колектор за „вселенско ѓубре“, направен со помош на компанија која произведува мрежи за риболов, со цел да ја тестира неговата ефикасност.

Научниците од Јапонската агенција за воздухопловни истражувања (JAXA) планираат со овој колектор закачен на кабел (направен од тенки жици од нерѓосувачки челик и алуминиум) да го соберат отпадот од орбитата околу Земјата, од типот на делови од опрема како стари сателити и парчиња од ракети.

Вселенското истражување кое е во тек повеќе од 50 години (откога Советскиот Сојуз го лансирање сателитот Спутник во 1957) создало појас од потенцијално ризичен отпад кој орбитира околу планетата – се претпоставува дека тој се состои од над 100 милиони парчиња, кои можат да ги загрозат идните мисии за истражување на вселената.

Истражувачите планираат овој електродинамичен кабел кој ќе генерира електрицитет кога ќе поминува низ магентното поле на Земјата да го искористат да го забават движењето на отпадот, и да го одвлечат се пониско во орбитата со што ќе го „натераат“ да навлезе во атмосферата, при што безбедно ќе согори пред без воопшто да добие шанса да падне на површината на планетата.

JAXA работеле околу 10 години на овој проект заедно со Nitto Seimo (јапонски производител на мрежи за риболов) за да го изработат кабелот. Неговата должина сега засега е 700 метри, но се планира таа да достигнува од 5000 до 10 000 метри за да може да се искористи за забавување на движењето на отпадот.

Агенцијата се надева дека ваквиот систем на колектори ќе влезе во употреба некаде на средината на идната декада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...