На повидок вселенска трка кон Марс

SpaceX и NASA веќе во неколку наврати ги имаат кажано нивните планови во врска со црвената планета, а сега со сличен план е и Кина.

Ву Јанхуа, заменик шефот на Кинеската националната вселенска администрација, вели дека Пекинг планира да ја лансира својата прва сонда на Марс околу 2020-та која ќе вклучува и ровери, додека веќе во втората мисија би се земале примероци од површината на планетата.

Крајната цел е Кина да се етаблира како водач во полето на вселенското истражување до 2030-та.

До тогаш, тие планираат да имаат слетано на Месечината – цел што сакаат да се оствари до 2018 – како и да се испратат сонди до Јупитер и неговите месечини.

Оригиналната вселенска трка беше дефинирана од САД и Русија во 1950-тите и низ 70-тите. Американцијте излегоа како победници од оваа трка со слетувањето на Месечината во 1969-та.

Кина за сето тоа време заостануваше – тие го немале испратено својот прв сателит во вселената сè до 1970.

Сега, кинезите имаат испратено ровер на Месечината, лансирано вселенска лабораторија и испратено 5 екипажи во Вселената – правејќи ја трета земја во светот (покрај САД и Русија), која тоа успешно го сторила.

Инаку, како што е познато, плановите на SpaceX се да стигнат на Марс до 2025, за потоа да се колонизира во наредните 40 до 100 години, додека NASA се надева дека до црвената планета ќе стигне до 2030-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...