Месечината со нова површина секои 81 000 години

Научниците се возбудени од можностите за изучување на Марс, месечините на Јупитер, па дури и егзопланетите. Но и покрај сето тоа, сè уште дознаваме нови работи во врска со нашиот најблизок „ѕвезден комшија“, Месечината.

Користејќи податоци од NASA, научниците откриле нови информации во врска со активноста која што се случува на површината на Месечината, кои можат да бидат од исклучително значење доколку некогаш таму сакаме да изградиме база.

Тим истражувачи споредувал фотографии од мисиите Аполо во 70-тите, со нови слики од Lunar Reconnaisance Orbiter-от (LRO) на NASA, со цел да откријат со кое темпо се формираат нови кратери.

Со истражување на само 6.6% од површината ана Месечината, тие пронашле 222 кратери кои се имале појавено откога LRO ги сликал првите фотографии. Тоа се 33% повеќе отколку што првите модели индицирале, што значи дека на Месечината активноста е многу поголема отколку што претходно се сметало.

Сето ова значи дека изгледот на површината на Месечината до длабочина од 2cm комплетно се менува секои 81 000 години – што е значително побргу отколку што претходниот лунарен модел предвидувал - 10 милиони години.

Овие податоци се значајни бидејќи лунарните модели се основа на тоа како ја одредуваме староста на сличните тела во Сончевиот Систем, како и на староста на специфични секции на површината на Месечината.

Според NASA, оваа студија ќе влијае на тоа како ќе бидат градени идните лунарни живеалишта, кои ќе мора да бидат дизајнирани да издржат удари од мали честички кои би се движеле со брзини до 500 метри во секунда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...