Дали Земјата може да се обезбеди со бесконечна енергија?

Еден од најголемите предизвици со кои што се соочуваме во 21-виот век е проблемот со енергијата – како да се генерира доволна количина, како да се произведе што поевтино со што помалку несакани ефекти и како да се донесе до корисниците.

Едно од решенијата е она понудено од SSPI (Space Solar Power Initiative / иницијатива за вселенска соларна енергија), партнерство помеѓу Calthech и Northrup Grumman.

Идејата соларната енергија од Вселената да се испраќа кон Земјата е едноставна и може да функционира – од SSPI имаат обмислено модуларен пристап со кој би било можно да се оствари ниската цена за изработка. Основната единица е „мултифункционална плочка“, т.е лесен фотоволтаичен сегмент со димензии 10x10cm, дебелина од 3cm и тежина од 0.8g, кој може да биде сплескан кога се пакува за лансирање.

400 од овие плочки потоа се составуваат во панели – 900 панели на еден сателит. Секој од овие сателити исто така може да се превитка за да зафаќа мал простор при лансирањето, и потоа да си ја поврати нормалната големина штом се најде во орбитата, при што таа би изнесувала околу две третини од фудбалско игралиште.

Концептот вклучува 2500 вакви сателити кои би летале во блиска формација, формирајќи површина од соларни панели од 9 квадратни километри, со секоја плочка способна да конвертира соларна енергија во радио енергија, која би се испраќала кон Земјата.

Убавината на овој систем е тоа што нема потреба од скапи енергетски инфраструктури на Земјата, што значи дека разни региони кои се далечни или неразвиени лесно би можеле да бидат обезбедени со соларна енергија од вселената, бидејќи за нејзино примање би биле потребни едноставни антени и станици.

Во меѓувреме, лесните плочки кои би биле евтини за производство би биле многу попрактични во случај на оштетување од микрометеорити или некој вселенски отпад, бидејќи би се оштетиле неколку од нив а сè останато би функционирало – во споредба со катастрофалните последици кои едно вакво оштетување би ги имало на еден целосен вселенски објект.

Во секој случај, се работи за интригантен концепт во кој што дефинитивно вреди да се инвестира – со доволно интересирање и мобилизирање на електронската индустрија да се изработат овие плочки, како и на приватните вселенски компании да ги транспортираат во вселената, оваа технологија може да биде иднината на енергијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...