Колку високо би скокале на други небески тела?

Астрономите Стјуарт Лов и Крис Норт создале интерактивна вебсајт апликација преку која што се пресметува колку високо би скокале на разни небесни тела, што се должи на разните гравитациски полиња на секое од нив.

На пример, височината на обичен скок на Земјата е околу половина метар и трае 1 секунда.

1) Гравитацијата на површината на Месечината изнесува 17% од онаа на Земјата, па така доколку таму скокнете со иста силина како на нашата планета, би можеле да достигнете височина од околу 3 метри и во воздухот да останете 4 секунди.

2) Марс е поголем од Месечината, но помал од Земјата и има една третина од нејзината гравитација и таму скокот би изнесувал 1 метар, со времетраење од 2 секунди.

3) Плутон има гравитација која изнесува 6% од онаа на Земјата, па скокот таму ќе ве однесе 7.6 метри високо, а во тој поглед ќе може да уживате 9 до 10 секунди

4) Енцелад, една од месечините на Сатурн, под замрзнатата кора крие цел океан од течна вода, која преку гејзери ја исфрла во Вселената, а неговиот дијаметар е 14% од дијаметарот на нашата Месечина. Скокањето тука би било многу забавно, бидејќи височината на скокот би изнесувала 42.6 метри, а патот до горе и назад би траел цела минута.

5) Кометата 67P, “гробницата“ на сондата Филае од мисијата Розета, има толку слаба гравитација да доколку таму скокнете, ќе продлжите да лебдите во празнината на вселената.

Инаку, името на апликацијата е High Jump.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...