Нови докази дека порано Марс изобилувал со вода

Поголемиот дел од 2016-та, Марс беше фокус на фасцинацијата на човештвото со вселената, а голем дел од тој фокус беше насочен кон нашата желба да дознаеме повеќе за животот на Црвената планета, т.е дали некогаш таму постоел? Сега, роверот Curiosity на NASA чија мисија, меѓу другото, беше и да ја задоволи оваа љубопитност, има откриено нешто што вреди да се додаде во листата на неговите истражувачки забелешки од минатата година.

Истражувачите сега, повеќе од било кога, се убедени дека Марс некогаш бил водена планета. Пред неколку билиони години, таму имало големи езера, а остатоци од докази кои ги поткрепуваат овие тврдења биле откриени од Curiosity. Роверот исто така пронашол минерални депозити кои сугерираат дека периодите кога планетата имала вода траеле подолго отколку што сме сметале.

Изминативе неколку недели, роверот ги истражувал карпите во реонот на Марс познат како “Old Soaker” (во превод “стар пороен дожд“), за кои NASA верува дека најверојатно се пукнатини од кал кои се формирале пред околу 3 билиони години – тие биле идентични со она што на Земјата се создава покрај патиштата кога калливата почва се има исушено и испукано.

Значи, на Марс најверојатно имало вода, но дали тоа значи и дека постоел некаков вид на живот? Секаде каде што на Земјата има вода, има и живот – но Curiosity ќе треба уште да „ровари“ по Марс додека да бидеме сигурни за тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...