Како би изгледале живеалиштата на Марс?

Со голем број на мисии кон Марс чие лансирање се планира во наредните години, многумина се прашуваат како луѓето ќе живеат на црвената планета, т.е како би им изгледале живеалиштата.

National Geographic во партнерство со Кралската опсерваторија во Гринич и авторот Стивен Петранек, постави изложба која ги прикажува можните домови на идните астронаути кои ќе живеат на Марс.

Креаторите на изложбата на прво место при дизајнирањето на живеалиштата ги ставиле безбедноста и економичноста. Екстериерот на куќите кои се во форма на игло е направен од марсовската почва, со цел да се максимизира користењето на материјалите кои ќе бидат на располагање на самата планета, но и да се намали тежината на товарот потребен за патот до таму.

Самото летало кое ќе се користи за да се стигне до Марс, ќе игра голема улога во изработката на живеалиштата, бидејќи делови од него ќе бидат употребени за разни елементи од како влезната „врата“ и системите за климатизирање и пречистување на воздухот. Во внатрешноста има доволно простор за работно биро, кревет, еден вид на „трпезарија“, фитнес машини, па дури и мала градина на горниот „спрат“

Цела колонија направена од вакви иглоа би била меѓусебно поврзана со подземни тунели, каде што ќе има реони за преспивање, складирање, а тука ќе се наоѓа машинеријата која ќе генерира кислород.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...