Дали знаете кои се најзначајните жени во Вселената?

До ноември 2014, од вкупно 536 астронаути, само 59 биле жени. Еве некои од нив кои влегле во историјата:

1) Валентина Терешкова, род. 1937

Валентина била првата жена испратена во Вселената, одбрана од над 400 апликанти и 5 финалисти чија задача била да го пилотираат Vostok 6 на 16 јуни 1963-та. Таа комплетирала 48 орбити околу Земјата за 3 дена.

Пред тоа, работела во текстилна фабрика и аматерски се занимавала со падобранство. Подоцна, станала истакнат политичар во комунистичката партија на Советскиот Сојуз, и се сметала за херој во пост-Советската Русија.  Во 2013 и било понуден, доколку за тоа се пружи шанса, пат до Марс во една насока.

2) Светлана Савитскаја, род. 1948

Таа e втората жена во Вселената, која била дел од Soyuz T-7 мисијата во 1982-ра, 19 години по Валентина Терешкова. Ќерка на советски воен командант, имала 18 интернационални светски рекорди направени со авионот MIG во 70-тите, а космонаутскиот тренинг го започнала во 1980.

Со вториот лет во 1984, станала прва жена која била во Вселената двапати, и прва која чекорела во Вселената надвор од Salyut 7 вселенската станица.

Од советските воздухопловни сили се пензионирала во 1993 како мајор, а моментално врши функција на заменик во комитетот за одбрана.

3) Сали Рајд, 1951 – 2012

Сали се приклучила на NASA во 1978 и била првата американка во Вселената во 1983, како и најмлад американски астронаут со своите 32 години.

Ја напуштила NASA во 1987 и работела како професор по физика, а била и дел од комитетите кои ги истражувале катастрофите на Вселенските Шатлови Challenger и Columbia. Умрела од рак на панкреас во 2012.

4) Мае Џемисон, род. 1956

Таа станала првата афроамериканка во Вселената на 12 септември, 2012-та. По медицинската школа и кратка пракса, служела во мировниот корпус од 1985 до 1987, по што била избрана да се приклучи на астронаутскиот корпус.

Дала отказ од NASA во 1993 и формирала сопствена компанија, а се занимавала и со глума и била дел од една епизода на Star Trek: The Next Generation серијалот.

Има 9 почесни докторати за наука, инженерство и хуманистички науки, е моментално е директор на организацијата 100 Year Starship

5) Барбара Морган, род. 1951



Барбара била првата наставничка во Вселената, која предавала наука во основно училиште во Ајдахо, пред да биде селектирана од програмата на NASA. Таа била замена за Кристи Мекаулиф која за жал настрадала во несреќата на Вселенскио Шатл Challenger во 1986, кога целиот екипаж го изгуби животот во експлозија неколку секунди по полетувањето.

Сега е пензионирана од NASA и продолжува да предава.

6) Пеги Витсон, род. 1960

Пеги е првата жена која 2 пати командувала со ISS (Интернационалната вселенска станица), а од скоро е и најстара жена во Вселената. На пат е да сруши и други светски рекорди, тука вклучувајќи го и најдолгиот период поминат во Вселената – моменталниот го држи Џефри Вилијамс и изнесува 534 последователни дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...