НАСА ќе ја истражува магнетосферата на Јупитер

Јупитер можеби е најголемата планета во Сончевиот Систем со дијаметар 11 пати поголем од оној на Земјата, но таа големина е ништожна во споредба со неговата магнетосфера. Таа во правец на сонцето се протега најмалку 5 милиони километри, додека од другата страна сè до Сатурн – со вкупна должина од 655 милиони километри, што е 400 пати повеќе отколку големината на Сонцето.

Ио, една од поголемите месечини на Јупитер, орбитира длабоко во ова огромно магнетно поле, а на неа има околу 400 вулкани кои поради ниската гравитација испуштаат сулфур, сулфур диоксид и фрагменти од базалтни карпи до 500 километри во вселената.

Бидејќи Јупитер ротира брзо (еднаш на секои 9.8 часа), тој ја влече целата магнетосфера со него, а кога поминува покрај Ио, ги „собира“ и тие вулкански елементи кои потоа ротираат околу планетата создавајќи прстен наречен “торус на плазма од Ио“ – кој може да се замисли како форма на „американска крофна“, со Јупитер во „дупката“ во средина.

Покрај тоа, магнетните полиња од Јупитер во контакт со атмосферата на Ио создаваат моќна струја наречена „флукс цевка на Ио“, која астрономите ја нарекуваат магнетски печат на Ио.

Бидејќи од тие „потоци“ на плазма може многу да се научи, истражувачи од универзитетот во Бостон имаат план да го користат леталото Џуно за да навлезат во торусот плазма од Ио, со што ќе го студираат протокот на материјали од вулканите на Ио во магнетосферата на Јупитер.

Тоа би го извеле со техниката наречена „радио окултација“ – така што радио бранови би се пуштале во торусот, а нивната рефлексија ќе предизвика промена во фреквенцијата предизвикана од различната густина на плазмата во него.

Некои претходни мисии успевале да пуштат само 2 окултации во торусот, а Џуно би можел да постигне дури 24.

Доколку NASA ја одобри оваа предложена мисија за Џуно, резултатите од истражувањата би го зголемиле нашето разбирање во врска со тоа како вулканите ја креираат аурората и бизарните електрични и магнетни опкружувања на најголемата планета во нашиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...