NASA со инструмент кој ќе лови планети погодни за живот

NASA и Националната Вселенска Фондација (NSF) одбрале тим астрономи кои ќе го изградат нивниот „ловец на егзопланети“.

Со цел да се соберат најдобрите умови способни да ја извршат оваа задача, научниците биле селектирани по пат на национален натпревар, а победничкиот тим ќе биде воден од Суврат Махадеван, асистент професор од Универзитетот Пен Стејт.

Наредните 3 години, овој тим ќе го гради инструментот наречен NEID ( NN-EXPLORE Exoplanet Investigations with Doppler Spectroscopy / Истражувач на егзопланети со доплер спектроскопија). Штом ќе биде завршен, NEID ќе биде инсталиран на 3.5 метарската WIYN опсерваторија во Аризона.

Инструментот ќе им овозможи на научниците да бараат планети слични на Земјата со тоа што ќе ги премеруваат движењата, т.е нишањата на ѕвездите напред-назад, предизвикани од гравитациската сила на орбитирачките планети. Tоа нишање, доколку се детектира, би ја индицирало големината на самата планета.

Откога ќе се открие една ваква ѕвезда, NASA може да ја користи моќта на ѕвездените телескопи за подлабоко да го истражи околниот нејзин систем. Во теорија, ова може да доведе до пронаоѓање на планета погодна за живот или пак некоја на која веќе можат да се забележат знаци на интелигентен живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...