Нема шанси за живот на најблиската егзопланета

NASA создала нов модел за проценка дали некоја далечна планета би можела да се смета како погодна за живот, а кога тој бил применет на неодамна откриената Proxima Centauri b, резултатите биле негативни.

Откривањето на Proxima Centauri b беше објавено во август минатата година и за неа се претпоставуваше дека би можела да е погодна за живот поради тоа што има големина слична на Земјата и се наоѓа во т.н. “goldilocks” зона ( ни премногу студена ни премногу топла зона во која можат да опстојат водени површини на планетите).

Близината и потенцијалот на планетата за да на неа опстои живот придонесе рускиот милијардер Јури Милнер објави план да патува до неа 4.37 светлосни години во наредните 50 години.

Но, новите истражувања на NASA сугерираат дека Proxima Centauri b најверојатно е мртов свет, благодарение на насилните соларни влијанија од нејзината најблиска ѕвезда – црвениот џин Proxima Centauri.

Црвените џинови се малечки ѕвезди, со половина маса од нашето Сонце, со малку постудени површински температури под 4000 °C, кои се склони кон многу почести и помоќни ѕвездени ерупции во споредба со оние на Сонцето.

Ваквите ерупции генерираат бранови од радијација со висока енергија која ги крши молекулите во нивните составни атоми, и ги јонизира. Електроните кои во тој процес се исфрлени надвор лесно се губат во просторот, оставајќи зад себе честички со сличен набој. Со тек на времето, честичките со позитивен набој се оддалечуваат од површината на планетата во процес наречен „јонско бегство“, притоа еродирајќи ја атмосферата – на овој процес најранлив е водородот, поради тоа што е најлесен хемиски елемент.

Новиот модел за истражување кој NASA го користела да види какво влијание би имале овој тип на ѕвездени ерупции во хипотетичката атмосфера на блиските планети покажал дека Proxima Centauri b најверојатно го изгубила поголемиот дел од атмосферскиот кислород во првите 10 милиони години од нејзиното постоење.

Ова е огромен контраст во односот на првичните шпекулации дека планетата би можела да има огромен океан.

Што друго да се каже освен штета за планот на Јури, па да се надеваме дека во иднина навистина ќе пронајдеме некоја доволно блиска планета на која човештвото би можело да се насели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...