Во план ровер за сателитот на Јупитер

NASA е решена да истражи дали постои живот на Европа – ледениот сателит кој орбитира околу Јупитер, така што ќе ја дупчи неговата површина со специјален ровер.

Нов извештај на NASA дава детали околу плановите за роверот со тежина од 42.5kg кој би можел да дупчи до длабочина од околу 10cm, и да ги анализира примероците почва користејќи инструменти вградени во него.

Мисијата би можела да започне уште во 2024-та, со пристигнување на дестинацијата во 2031-ва.

Дизајнот на роверот вклучува систем од камери кои ќе снимаат фотографии од површината на сателитот, како и разни инструменти за анализи „во живо“, како антена за комуникации и геофон за набљудување на геолошката активност.



Во него би бил вграден и спектрометарски систем со чија помош ќе се идентификува хемискиот состав на примероците од почвата, преку процесот на јонизација.

Истражувачите се надеваат дека ќе пронајдат „биолошки потписи“ т.е знаци на изумрен или присутен живот скриен во елементи како изотопи и молекули.

Покрај барањето на живот на Европа, роверот ќе ја истражува и потенцијалната можност за населување на овој сателит, како и прибирање на информации кои на научниците ќе им овозможат да дизајнираат идни роботи кои би биле способни да дупчат до најмалку 19km под површината за да допрат до подземните океани за кои се претпоставува дека постојат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...