Снимена супернова 3 часа по нејзиното создавање

Снимени се фотографии на создавање на супернова кои го фатиле моментот на нејзиното „раѓање“ само неколку часа по ѕвездената експлозија, кои на научниците ќе има помогнат да дознаат што повеќе околу тоа како овие гигантски експлозии настануваат.



Новооткриеното „космичко бебе“ е тип на супернова која се создава кога некоја огромна ѕвезда ќе го потроши своето гориво и ќе експлодира. Ваквите супернови се толку светли што накратко можат да ги засенат сите други ѕвезди од нивната домашна галаксија.

Астрономите и претходно имале снимки од супернови снимени во првите минути по експлозијата, но досега ниедна не била снимена во светлина со толку многу бранови должини – вклучувајќи ги и радио брановите, брановите од видлива светлина и рендгенски т.е x-зраци .

Новите слики ги дополнуваат доказите кои сугерираат дека овие ѕвезди ја сигнализираат сопствената смрт со исфрлање на диск од материјали неколку месеци пред таа да се случи, а останува непознат фактот како и зошто тие толку насилно детонираат.

Новосоздадената супернова е позната како SN 2013fs, и за првпат била детектирана на 6 октомври 2013 – нејзината ѕвезда најверојатно била од типот црвен суперџин, 10 до 17 пати потешка од нашето Сонце и неколку стотици пати поширока од него.

Таа детонирала на далечина од 160 милиони светлосни години во спиралната галаксија наречена NGC 7610, a експлозијата била забележана со телекопите во Опсерваторијата Кек на Хаваи, и од Swift сателитот на NASА, 6 часа откога се случила.

Астрономите доволно рано успеале да снимат слики од новородената супернова за да го забележат дискот од материјата која била испуштена пред „смртта“, а откриле дека година дена пред уништувањето таа рапидно испуштала количини материјал еднаков на стотинка од масата на Сонцето, при брзини од 360 000км/ч. Според нивните зборови, овој процес е еден вид на „последен здив“ кој ѕвездата го прави пред да детонира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...