Телескоп за најдетално опсервирање на црни дупки

Амбициозниот „Телескоп за набљудување на хоризонтот на случувањата“ (Event Horizon Telescope) е подготвен за работа и за само неколку месеци интернационална група од астрономи може да добие досега најдетална слика од една црна дупка.

Неговатa цел ќе биде Sagittarius A*, супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат, а таа ќе се постигне преку поврзување на 9 радио телескопи ширум планетата кои ќе функционираат како еден.

Тимот истражувачи се надева дека ќе има успешно опсервирање во периодот помеѓу 5 и 14 април, кога ќе има директен поглед на работ на црната дупка. Бидејќи дури и светлината не може да им избега, црните дупки не можат да се видат директно, па така телескопот ќе гледа во т.н. „хоризонт на случувањата“ – регионот кој ја двои црната дупка од остатокот на универзумот.

Гасови и ѕвезден материјал орбитираат околу дупките пред да бидат вшмукани во нив, а радио брановите овозможуваат тој гас да се види, а со помош на процесот наречен интерферометрија и да се фотографира во слика со што поголема резолуција, која ќе биде составена од комбинација на податоците добиени од различните радио телескопи лоцирани во САД, Чиле, Шпанија и Северниот пол.

Таква резолуција е и неопходна доколку сакаме да ја видиме Sagittarius A*, бидејќи иако тежи колку 4 милиони сонца, таа има дијаметар од „само“ 44 милиони километри. Фактот што се наоѓа на 26 000 светлосни години од нас, нејзината големина на небото е еднаква на едно CD на површината на Месечината, гледано од Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...