Откриени 7 планети слични на Земјата

Астрономите направиле огромно откритие во потрагата по живот надвор од Сончевиот Систем – 7 планети со големина на Земјата кои орбитираат околу ѕвезда релативно блиску до нас, од кои 3 би можеле да бидат погодни за живот – а тоа би можеле да го дознаеме во наредните 10-на години.

Тие се наоѓаат околу ѕвездата наречена TRAPPIST-1, малечка ултра-студена џуџеста ѕвезда која се наоѓа на 40 светлосни години од нас, а има околу 8% од масата на сонцето и 11% од неговиот радиус – што ја прави слична по големина на Јупитер.

Откритието е постигнато благодарејќи на Spitzer Space Telescope-от на NASA, како и на уште неколку телескопи на Земјата, вклучувајќи го и TRAPPIST во Чиле.

Имињата на планетите им се дадени во однос на нивната раздалеченост од ѕвездата, па така најблиската е TRAPPIST-1b, па следат c,d,e,f,g и h, а истражувачите успеале да ги пресметаат масата, радиусот и орбиталните периоди на сите нив, со исклучок на 1h бидејќи од неа бил забележан само еден транзит околу матичната ѕвезда.

Ова откритие е возбудливо за науката бидејќи поради близината, планетите ќе можат да бидат многу детално студирани. Некои од научниците дури се убедени дека доколку на било која од планетите постои биолошка активност слична на онаа на Земјата, тоа ќе можеме да го забележиме во наредната декада.

Доколку воопшто постои живот на некоја од нив, тој не би бил сличен на оној на Земјата. Како прво, поголем дел од соларната радијација на ѕвездата е инфрацрвена – што значи дека таа би можела да ги затоплува планетите, но би била невидлива за креатури како нас, бидејќи количеството светлина во очите би била околу 200 пати помала од онаа која ја примаме од Сонцето.

Оваа количина на инфрацрвена светлина ги прави новооткриените планети одлична цел за James Webb Space Telescope (JWST) на NASA кој треба да биде лансиран во октомври 2018-та, и кој ќе го набљудува космосот со инфрацрвени бранови должини. На тој начин, со негова помош ќе може да се осознаат атмосферските композиции на планетите, што ќе помогне во „ловот„ по било какви знаци на живот.

Откривањето на живот на некоја од овие планети ќе зависи од голем број фактори, особено од тоа дали тие имаат атмосфера, и дали таа би дозволувала на водата да остане во течна форма. Исто така, било каква форма на живот би произведувала доволно гасови за да ја смени хемиската композиција на атмосферата, па тој би можел да се детектира и на тој начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...