ДО КАДЕ СТИГНАВМЕ?

Експеримент за производство на лекови во вселената

Започнат е истражувачки проект за дигитална хемија надвор од Земјата, со лансирање на DIDO2 нано-сателитот кој содржи материјали кои на истражувачкиот тим ќе му овозможат далечинско тестирање на способноста за користење на дигитална хемија за креирање на лекови и други материјали во вселенски услови.

Експериментот е дизајниран од професорот Ли Кронин од Универзитетот во Глазгов и ќе вклучува тим кој далечински ќе го активира микрофлуидниот уред внатре во сателитот, кој ќе врзува разни хемиски агенти. Истражувачите потоа ќе можат да ја набљудуваат хемиската реакција преку микроскопот кој се наоѓа во склоп на уредот.

Експериментот е надополнување на претходните истражувања на Кронин групата, чија цел било дигитализирање на хемијата и овозможување на „принтање“ по потреба на разни хемиски состојки, а ова е фантастична можност за тие истражувања да се однесат, буквално, на „нови височини“, бидејќи опкружувањата со ниска или нулта гравитација овозможуваат широк спектар на нови можности за науката.

Замислете да живеете на Марс и да ви е потребен пристап до лек кој го немате понесено со себе од Земјата. Oвој нов технолошки пристап би ви овозможил да користите дигитален план за изработка на лекот, кој за тоа би побарувал минимален број на хемикалии.

Истражувачите велат дека ќе прават дигитално контролиран хемиски експеримент во вселената, кој произведува комплексен органски молекул кој е дел од класата на лекови против рак. Доколку успее, експериментот ќе претставува прв чекор кон произведувањето на лекови надвор од Земјата.

Сегашната мисија ќе има за цел создавање на кристали на лек кој би се употребувал во третмани против рак, а во иднината оваа технологија би им овозможила на астронаутите да креираат било каков вид на лек, по потреба. Имајќи ја вo предвид намерата на човештвото што поскоро да се оствари мисија со екипаж кон Марс, способноста за произведување лекови на самото летало ќе биде од клучно значење во годините кои следат.

Лансирањето на сателитот било во партнерство со компанијата SpacePharma, која е специјализирана за овозможување пристап на научниците до микрогравитациски опкружувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...