Магнетно поле околу Марс пред тераформирање

Како дел од постојаното истражување на вселената, благодарејќи на се поусовршената технологија, можноста за мисија со човечки екипаж на Марс сè повеќе станува реална. Но, како да се одржи човечкиот живот на подолг период на пуста планета која има скоро непостоечка атмосфера?

Многу научници и ентузијасти опседнати со научната фантастика имаат шпекулирано за можноста за тераформирање на Марс, за што биле разработени многу идеи и креирани разни модели со кои тоа би се извело. Инженери дури дизајнирале концепт за школка која би била поставена околу планетата и која би ја заштитувала од радијација, и би помогната за оформување на атмосфера со тек на време. Други пак сметале дека со кршење на кората на Марс би се ослободиле доволни количини на CO2 со кои би се создала атмосфера.

Иако концептот за тераформирање не е целосно невозможен, за да успешно се изведе ќе мора прво да се создаде заштита од космичката и соларна радијација како и соларните ветришта, да се зголеми температурата на планетата, да се додаде кислород и азот во атмосферата, и сето ова да се направи на начини кои би биле самоодржливи.

NASA скоро има предложено уникатна стратегија која би претставувала решение за набројаниве проблеми – а тоа е магнетен штит (каков што во минатото постоел околу Марс).

Според др. Џим Грин, директорот на одделот на NASA за планетарна наука, во иднината би било возможно структури на надувување да генерираат магнетно поле кое би функционирало како активен штит против соларните ветришта.

Истражувачкиот тим кој работи на оваа идеја имал направено симулација со нивната вештачка магнетосфера и било откриено дека штитот не само што би ја заштитувал планетата од соларните ветришта, туку и би помагал за балансирање на атмосферата, која со тек на време би се згуснувала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...