Приватни вселенски станици околу Месечината до 2020-та?

Воздухопловниот претприемач Робет Бигелоу смета дека приватни вселенски станици може да орбитираат околу Месечината до 2020-та год.

Тој е шеф на Bigelow Aerospace компанијата која досега има лансирано три приватни прототипи на вселенски живеалишта на надувување во орбитата на Земјата. Најскорашен нивни проект е BEAM (Bigelow Expandable Activity Module), кој на Интернационалната Вселенска Станица бил испорачан во 2016 преку SpaceX Dragon товарното летало. BEAM е првата „соба“ на надувување инсталирана на вселенската станица, креирана како дел од тестот на NASA за идни вселенски живеалишта, а досегашните извештаи велат дека функционира добро.

Вселенскиот туризам е моментално „жешка“ тема за Бигелоу и останатите вселенски претприемачи – на 26-ти февруари, Елон Маск најави дека неговата SpaceX компанија ќе лансира приватен лет околу Месечината во 2018, за кој двајцата сега засега тајни патници веќе имаат уплатено аванс. Џеф Безос, пак, кој е сопственик на приватната вселенска компанија Blue Origin, исто така има објавено планови за пат кон Месечината.

Бигелоу се надева дека огромните вселенски живеалишта на надувување кои ќе функционираат и како приватни вселенски станици ќе чинат само дел од цената која NASA би ја нудела за истото, и дека неговата, но и останатите компании кои ќе овозможуваат поевтини и попристапни вселенски летови ќе му овозможат на човештвото поскоро да се прошири и вон нашата планета, можеби еден ден посетувајќи или колонизирајќи други планети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...