Ѕвезда во блиска орбита на црна дупка

Нова студија сугерира дека ѕвезда од типот бело џуџе на далечина од 15 000 светлосни години од Земјата орбитира околу црна дупка еднаш секои 28 минути. Тоа значи дека овие два објекти се раздалечени едни од други само 2.5 пати повеќе отколку што се раздалечени Земјата и Месечината – што е најблиска орбита било кога опсервирана околу некоја црна дупка.

Водачот на студијата Араш Бахрамиан од Универзитетот од Алберта во Канада и Државниот универзитет на Мичиген вели дека белото џуџе е толку блиску до црната дупка да материјал од него се одвојува и влегува во дискот од материја околу неа, пред таа да го вовлече внатре. Тој смета дека ѕвездата ќе остане во орбита околу дупката и дека нема да биде целата вовлечена во неа, но дека со тек на времето толку многу материја ќе биде извлечена од неа што таа ќе има маса на една просечна планета – и на крај комплетно ќе испари.

Инаку, белите џуџиња се „лешеви“ од ѕвезди како нашето Сонце кои го потрошиле своето гориво. Овие објекти имаат маса колку Сонцето и „тело“ со големина слична на онаа на Земјата, што ги прави околу 200 000 пати погусти од нашата планета.

Белото џуџе кое е фокус на новата студија е наречено X9, и се наоѓа на 15 000 светлосни години од Земјата во топчестиот кластер 47 Tucanae, а е набљудувано со два телескопа – Chandra X-ray опсерваторијата на NASA со NuSTAR (нуклеарниот спектроскопски телескоп), и Australia Telescope Compact Array инструментот.

Податоците добиени од набљудувањата откриле дека X9 испушта X-зраци светлина секои 28 минути, кои тимот истражувачи ги интерпретирал како орбитален период на ѕвездата. Според тимот, исто така е возможно да белото џуџе орбитира не околу црната дупка туку околу неутронска ѕвезда која е уште погуста од него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Една жена се жалела и му викала на мажот:
- Доста ми е веќе од се! Синоќа се врати вчера наутро! Ако и вечерва ее вратиш утре, немој денес воопшто да ми се враќаш!!!
Еден маж се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ: На 05.06.2017 година од 17:00 часот сообраќајот по регионалниот пат „Тетово -ГП.Јажинце“ е во...
Верски календар
Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со...
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.