Дали мистериозен астероид ги збришал праисториските Индијанци?

Метеори и астероиди удирале во нашата планета низ нејзините 4.5 билиони години историја, а благодарејќи на динамичките процеси на површината на Земјата, „лузните“ од некои од овие удари не се лесно забележливи

Нова студија објавена во журналот Scientific Reports вели дека се пронајдени докази кои сугерираат дека пред 13 000 години е можно да се имало случено удар на астероид кој предизвикал изумирање на една секција од човештвото.

Пред 13 000 години, светот излегувал од леденото доба – планетата била на траекторија на затоплување, а ледот се повлекувал кон половите. Влакнестиот мамут почнал да изумира, а човечката миграција се зголемувала како што растело нивото на морињата и океаните, и сè повеќе копнена површина почнало да ја снемува под водите предизвикани од истопениот лед.

Меѓутоа, во Северната хемисфера – над Северна Америка и Европа - температурите почнале да паѓаат. За време од неколку декади, тие паднале за 6°C, што е значително побрзо отколку со денешните човечки предизвикани климатски промени. Што го предизвикало ова намалување на температурата?

Во 2013-та, се појавила една харвардска студија која дала особен кредибилитет на една идеја, а тоа било дека причината за намалувањето е удар на астероид.

Секогаш кога се случувал некој поголем удар, разни остатоци се лансирале во горната атмосфера каде што покривале цели региони, а понекогаш и цел свет. Ова спречувало голем дел од соларната радијација да допре до Земјата, предизвикувајќи зима во тие региони. Најпознат ваков удар е пред 66 милиони години кој довел до рапидна промена на климата и изумирање на скоро сите копнени диносауруси.

Истражувачите од студијата во 2013 откриле дека ледените јадра во Гренланд имале 100 пати повеќе платина од очекуваното, кој имал хемиски потпис кој се поврзува со астероидите, а не со било кој процес на земјата.

Новата студија пронашла слични високи нивоа на платина во седиментните наслаги во Северна Америка, што значи дека многу веројатно тука се случил удар на астероид кој, меѓу другото, е можно да ги „збришал“ праисториските Индијанци наречени „луѓето Кловис“, бидејќи нивното исчезнување од археолошките записи се случило токму во тој период.

Дали е можно овој мистериозен удар да бил почетокот на нивното исчезнување?

За да се потврди хипотезата за ударот, потребно ќе биде прво да се пронајде кратерот предизвикан од него – што сè уште се нема случено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...