Човештвото мора да еволуира за да се колонизира Марс

Моменталните планови на NASA, за првпат скицирани во 2010 а детално објавени во 2015, вклучуваат луѓе на Марс до 2030-тите години.

За да тоа се оствари, таа во тандем со други агенции и приватни компании работи на развивање на потребните технологии, меѓу кои и креирање на 3D принтани структури на Месечината, со цел да се развијат слични структури кои би биле способни да ја издржат радијацијата од атмосферата на црвената планета.

Елон Маск го гледа колонизирањето на Марс како неопходност, а Обединетите Арапски Емирати имаат план за колонија таму до 2117-та.

Предизвиците за опстојувањето на човечкиот живот на Марс ќе бидат сериозни и позначајни отколку што претходно се мислело. Делумно базирано на медицинските податоци собрани од разни руски мисии, како и оние на NASA, кои се одвивале на Интернационалната Вселенска Станица, симулирањето на истите параметри од Земјата кои се потребни за опстојување на човечки живот ќе биде практично невозможно – не би биле способни да ги симулираме истите физички услови, како и оние на околината, за да се реконструира животната средина на Марс, односно нејзините карактеристики како микрогравитацијата и изложеноста на радијација.

Со текот на годините се развиле и многу дискусии во врска со тераформирање на Марс, и заеднички кај сите нив е проблемот што било која вештачки креирана атмосфера едноставно би била оддувана од планетата – поради што NASA размислува и за изработување на „магнетна школка“ околу планетата која би помогнала во задржувањето на атмосферата.

Бидејќи со секое техничко решение за некој специфичен физички проблем се појавуваат уште многу прашања поврзани со истиот, некои научници стигнале до неизбежниот заклучок дека би било многу попрактично да се модифицираат умовите и телата на идните жители на Марс, отколку да се модифицира планетата за да ги оддржува во живот.

За нив, социјалниот и политички аспект за тоа како колониите на Марс би функционирале се подеднакво проблематични како и физичките предизвици и здравствените проблеми. Научниците се исто така загрижени и за одржување на животот на планетата – прво, би била потребна колонија доволно голема за да се избегнат проблемите како што се размножување по крвна линија, како и одржливи технолошки и медицински системи. Второ, и најважно, секој медицински работник би бил трениран за одржување и продолжување исклучиво на животот на Марс – нешто за што моментално никој во медицината не е квалификуван.

Во таа смисла, подготовките за живот на Марс мора да започнат со промени тука на Земјата: ќе мора да преиспитаме сè што сме знаеле за учењето, работата и меѓусебното поврзување, како и да сме подготвени да ги редефинираме нашите животни очекувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Скопје
Н/А
Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
Софрониј Ерусалимски. Свети Софрониј беше Дамаскинец. Се родил во шестиот век. Во младоста се запознал со монахот Јован Мосх и заедно со него ги опколил пустиножителите во...
На денешен ден
- Светски ден на борба против туберкулозата
1603.- Во Лондон умре англиската кралица...
1783.- Шпанија ја призна независноста на САД.
1834.- Роден е англискиот социјалист, писател и...