NASA летало кое ќе го „допре“ Сонцето

Масовните исфрлања материјал од короната на Сонцето (т.н „соларни ракети“) можат да предизвикаат пречки кај електричните системи, сателитите и авионите тука на Земјата, а исто така можат да нанесат штета на астронаутите на Интернационалната Вселенска Станица, кои ја немаат заштитата која ние ја имаме со земјината атмосфера.

Поради оваа причина, Астрофизичката опсерваторија Смитсонијан и лабораторијата Чарлс Старк Дрејпер (непрофитна инженерска организација од Кембриџ, Масачусетс) работат на развивање на специјализиран сензор за најавеното соларно летало на NASA кое во 2018 треба да стигне до атмосферата на Сонцето и да ја „допре“.

Леталото како SPP (Solar Probe Plus) моментално се дизајнира и гради во лабораторијата за применета физика при Џон Хопкинс универзитетот. Штом биде лансирано, 7 пати ќе прелета покрај Венера во рок од скоро 7 години со цел да ја постигне орбитата кон Сонцето. За ова време, тоа ќе прелета 24 пати околу него и ќе навлезе во сончевата корона , т.е горниот дел од атмосферата, на 6.4 милиони километри над неговата површина.

На оваа раздалечина, SPP ќе биде првото летало во историјата кое се доближило толку блиску до Сонцето, како и најбрзото летало – ќе постигнува брзини до 200км во секунда. Притоа, ќе биде изложено на топлина и радијација кое ниедно летало досега ја нема почуствувано, што ќе вклучува температури од 1371 °C

Сондата ќе им обезбеди на научниците сосема нови податоци во врска со соларната активност на Сонцето и ќе им помогне во предвидувањето на големи временски настани во вселената кои имаат влијание и врз животот на Земјата, што е особено важно во време кога луѓето се сè повеќе зависни од технологијата на која значително можат да и влијаат соларните ракети.

Според скорешна студија од Националната академија на науките во САД, се предвидува дека голем соларен настан може да ги чини САД два до три трилиони долари во штети - а места во источното крајбрежје би биле без струја и година дена.

SPP ќе има 3 големи научни цели – прво, ќе го испитува и мапира протокот на енергија која ја загрева и забрзува соларната корона и соларните ветрови; второ, ќе се обиде да ја одреди структурата и динамиката на плазмата и магнетните полиња кои се извор на соларните ветрови; и трето, ќе ги истражува механизмите кои ги забрзуваат и транспортираат енергетските честички – електроните, протоните и хелиумските јони.

За сето ова, сондата ќе биде опремена со напредни инструменти, од кои едниот од поважните ќе биде Фарадеевиот поклопец – дизајниран да ги издржи пречките кои ги предизвикува електромагнетната радијација, овој инструмент ќе ја мери брзината и насоката на наелектризираните честички на сонцето, и ќе биде единствениот кој е поставен на надворешната страна од заштитниот штит на SPP. Ќе има пречник од 11.43cm, а јаглеродната композиција ќе му овозможи да ги издржи екстремните услови при прелетувањето низ короната на Сонцето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...