Студија за последици од микрогравитација која вклучува 60 дневно лежење

Вселенските летови имаат брутални последици на човековото тело, но студирање на ефектите од микрогравитацијата на нашата биологија не се врши со лансирање на луѓе во орбита околу Земјата, туку со лежење на грб 2 месеци.

Истражувачите од Инстутутот за вселенска медицина и психологија во Франција бараат 24 фит и здрави машки доброволци, пожелно непушачи, со старост помеѓу 20 у 45 години за најмрзеливото „работно место“ во светот – за €16,000, субјектите ќе поминат 2 недели правејќи најразлични тестови пред да бидат комплетно врзани за кревет 60 дена, проследено со уште 2 недели евалуација на последиците.

Тоа значи дека сите активности – од јадење до вршење физиолошки потреби – ќе бидат вршени лежејќи во кревет, со горната половина од телото закосена надолу под агол од -6 степени. Правилото е барем едно рамо постојано да е во контакт со креветот, без разлика кои движења се прават.

Експериментот е наречен „Коктел“ и има за цел да ги реплицира безтежинските услови на кои се изложени астронаутите во Интернационалната Вселенса Станица, како и да ги компензира со „коктели“ од суплементи кои би се земале со храната.

Луѓето еволуирале искористувајќи ја влечната сила на гравитацијата – не само што крвта тече надолу од главата, туку стискајќи ги мускулите кога се движиме исправени им помагаме на крвните садови во процесот на циркулацијата. Затоа, времето поминато во безтежинска состојба кај астронаутите предизвикува вртоглавоци како резултат на намалениот крвен притисок а го намалува и волуменот на крвта, што е нешто со кое доброволците исто така ќе мора да се справат

Како што поминуваат недели и месеци, мускулите во грбот и долниот дел на телото ослабуваат, коскената густина се намалува, како и имунолошкиот одбранбен систем.

Со цел да се борат против овие несакани ефекти, истражувачите ќе тестираат микс од антиоксиданси и антивоспалителни лекови во форма на капсули кои доброволците ќе ги земаат со храната – т.е половина од нив ќе ги земаат, а другата (контролна) половина нема да зема ништо.

Ова не е прва студија од овој тип – во 2014 NASA веќе има изведено една каде доброволец бил платен $18 000 за да лежи во кревет 3 месеци, поминувајќи го времето играјќи компјутерски игри, рефлектирајќи ги чувствата, а потоа и досадувајќи се.

Лежењето и не правењето ништо неколку месеци дефинитивно не е за оние на кои им е потребна постојана ментална или физичка стимулација, но доколку се сметате „квалификуван“ за оваа студија може да аплицирате онлајн преку сајтот на Medes институтот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...