Наскоро прва вистинска слика од црна дупка

Доколку сè оди по план, би требало да ја добиеме првата вистинска слика (не дигитално изработена) од црна дупка во наредните година дена.

Научниците „вклучиле“ глобална мрежа телескопи чија цел е снимање на супермасивна црна дупка на 26 000 светлосни години од нас, во Sagittarius A* (Sgr A*), центарот на нашата галаксија. Проектот е наречен EHT (Event Horizon Telescope / Телескоп за набљудување на „хоризонтот на случување“) и ќе функционир од 5 до 14 април, со првите резултати подоцна годинава, или на почетокот на 2018.

Иако се сигурни дека постојат, досега всушност научниците немаат видено ниедна – но имаат докази за нивно постоење поради ефектот кој го имаат на околните ѕвезди и галаксии. Така, на пример, во центарот на нашата галаксија, ѕвезди орбитираат околу невидлив објект, а на други места постојат огромни количини на икс-зраци и големи млазови материјал со потекло од црните дупки.

Иако тие може да се милиони или билиони пати поголеми од нашето Сонце, некои, како Sgr A*, се само неколку кратно поголеми, што ги прави тешки за забележување поради далечината – тоа би било како од Земјата да пробате да пронајдете грејпфрут кој се наоѓа на Месечината.

Тука на сцена стапува EHT – повеќе од 10 телескопи низ светот ќе бидат искористени за студирање на Sfr A* во радио бранови, а податоците од сите нив ќе бидат комбинирани во еден сет познат како „многу долга основна интерферометрија“ т.е VLBI.

EHT исто така ќе биде користен за студирање на физиката на акрецијата, односно начинот на кој црната дупка ја привлекува материјата, како и за опсервирање на супермасивна црна дупка Messier 87 во друга галаксија на 53.5 милиони светлосни години од нас, која има 4 билиони пати поголема маса од Сонцето, како и поголем „хоризонт на случување“ од Sgr A*

Научниците се надеваат дека откога сите овие податоци ќе се обработат, ќе можат да го видат циркуларниот хоризонт на случување околу црната дупка – тоа е регионот по кој ништо, дури ни светлината, не може да избега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...