Во план вселенска станица во орбита околу Месечината

Интернационалната агенција за вселенски летала ISWG која ја има создадено Интернационалната Вселенска Станица (ISS), се собрала да дискутира за плановите со што таа да се замени откога ќе прекине да функционира во 2024. Предложен е план за конструкција на вселенска станица во орбитата на Месечината, чија траекторија треба да биде финализирана до 2018.

ISS била креирана како интернационална научна лабораторија за астронаутите да извршуваат експерименти, бидејќи и покрај големиот технолошки напредок, некои од условите во вселената е невозможно да се рекреираат на Земјата, а експериментите кои ќе ни помогнат во нејзиното истражување и колонизирање побаруваат токму таква околина. Таа исто така е центар на приватни комерцијални истражувања во врска со иницијативите за колонизација на вселената – работата вршена на станицата значително го има подобрено животот на Земјата, подржувајќи глобални напори за прочистување на водата, растење на кристали богати со протеин за користење во медицински истражувања и создавајќи нови технологии кои се користат во разни индустрии.

Вселенска станица во лунарна орбита претставува голем предизвик, но во споредба со ISS, нуди и повеќе можности за тестирање на нови технологии, како и поголем научен потенцијал. Ваквата станица исто така би дозволила подобро и пообемно студирање на Месечината поради близината во која што ќе и се наоѓа, а би можела да претставува и „отскочна штица“ на патот кон Марс.

Членовите на ISWG се согласиле дека станицата треба да користи „Plug & play” делови за да нови компоненти можат со тек на време да се додаваат на постоечката структура.

Сега засега, дизајните за новата станица вклучуваат канадска роботска рака од ISS, руска комора за декомпресија, и американски погонски системи, како и системи за напојување. Иако Русија претпочита база на површината на Месечината, NASA се залага за база во повисоката орбита поради погодноста за пристап кон Марс.

Дополнителни бенефиции од ваква орбита би вклучувале добра комуникација со Земјата и константно изложување на соларните панели на сончева светлина, а примарен недостаток би било тоа што патувањата до површината на Месечината би биле отежнати поради близината, но тоа би се решило преку разни компромиси со модуларниот дизајн, или периодична промена на орбитата.

Сега засега плановите се оваа станица да се конструира до 2020-тите, и да биде спремна да се користи за мисии кон Марс и други локации во 2030-тите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...