Потрага по животни форми во Земјината обвивка

Уште многу работи во врска со Земјата чекаат да бидат откриени – од длабочините на океаните, до нејзините карпести слоеви.

Тим научници од Јапонската агенција за наука и технологија на океаните и Земјата (JAMSTEC) сакаат да ја истражуваат Земјината обвивка, за прв пат дупчејќи во неа со најголемиот брод за таа намена, наречен “Chikyu”

Тимот на JAMSTEC сака да започне со дупчењето до 2020-тите, а за да тоа биде возможно, ќе мора прво да се истражат потенцијалните подводни локации за тоа. Овој септември ќе биде направена прелиминарна студија во траење од 2 недели со бродот Kairei во водите североисточно од Хаваи, а други кандидатски локации се идентификувани во Мексико и Костарика, во случај таа на Хаваи да не ги исполнува условите.

Истражувачкиот тим смета дека за проектот ќе бидат потребни околу 542 милиони долари, а одлуката да се дупчи низ океанската кора е попрактична отколку проектот да се изведува на копно – таа е потенка (околу 6km) отколку континенталната, а за да стигнат до обвивката, дупчалката на Chikyu че мора да поминe низ 4km вода и 6km кора.

Земјината обвивка е лоцирана под кората, и зафаќа 80% од волуменот на планетата, и претставува течна силикатна карпеста школка која влијае на вулканските активности. Поради тоа, практичните последици од нејзиното истражување ќе бидат подобро разбирање за феномените што се случуваат на површината на Земјата. Истражувачите исто така сакаат да разберат како обвивката се формирала преку истражувањето на границата помеѓу океанската кора и неа.

Покрај сето ова, научниците ќе истражуваат дали микробиолошкиот живот би можел да преживее длабоко во нашата планета – такво откритие би овозможило информации кои би користеле во потрагата по вонземски живот, бидејќи условите во обвивката на Земјата би можеле да ги симулираат оние на другите светови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...